
Изборен рапорт #4: Динамична, често некоректна кампања, но без случаи на притисоци и закани како во минатото
Четврти ден од официјалната изборна кампања за локалните избори. Партиите цврсто газат според своите агенди и ниту дождот не може да ги спречи да излезат на терен и да им се додворуваат на граѓанките и граѓаните, секој колку може и знае. Генерално, се бележи динамична, често некоректна кампања, но во голема мерка вообичаена изборна кампања.