
ЦИВИЛ ги потсетува сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани дека во тек е повикот за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈАТА ЗА КРАТКОРОЧНИ НАБЉУДУВАЧИ
Во одговор на повеќе прашања од заинтересираните, од Организацијата информираат дека доволно е да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не. Заинтересираните треба да се пријават што поскоро и да не чекаат истекување на рокот (30 септември).
КОЈ НЕМА ПРАВО ДА УЧЕСТВУВА НА ПОВИКОТ?
Од ЦИВИЛ нагласуваат дека членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.
ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА
Постапката за селекција на апликациите ќе трае најдоцна до 3 октомври, а веднаш потоа ќе се одржат и семинари за обука, соодветно на ситуацијата со КОВИД-19.
Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. Обуките, како и самото набљудување на изборниот процес ќе се спроведат со максимално почитување на мерките за заштита од Ковид-19. Пожелно е сите набљудувачи на ЦИВИЛ да бидат вакцинирани со две дози вакцина.
На обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Во изминатион период, до Организацијата пристигнаа голем број нови прашања. Одговорите на најновите прашања, заедно со претходните, објавени се на 29 август. Пред да постават прашање, заинтересираните се повикани прво да ги прочитаат веќе одговорените прашања.
ЦИВИЛ го спроведува мониторингот на изборите како дел од проектите „Европски перспективи, следно ниво“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, како и „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија од САД.
ЦИВИЛ ги повика сите заинтересирани да не се двоумат да се јават на 02 / 520 91 76, секој ден од 9 до 17 часот или напишат порака на ФБ страницата на ЦИВИЛ, односно на е-пошта, [email protected].
ЦИВИЛ Тим за комуникации
Leave a Reply