Министерството за внатрешни работи деновиве ја промовира кампањата „Кажи не“ за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на интернет.

 

Но, во сајбер просторот, а особено на социјалните мрежи, освен овој растечки проблем, години наназад се забележува пораст на сајбер насилството и говорот омраза, а во јавноста има бројни критики кон МВР за недоволна активност во справување со овие опасности, со кои се соочуваат многу граѓани, особено за време на важни политички процеси како изборите, кога редовно се случува радикализација на јавната комуникација.

Македонија и според меѓународни истражувања е најбезбедна земја во регионот. Расте безбедноста и во сообраќајот – како што објави МВР, бројот на жртви во сообраќајни несреќи во септември 2021 бележи пад од 73% споредено со истиот месец лани, што според министерството е успех што се должи на засилените контроли и зголемената активност на полицијата.

Од друга страна, критичарите велат дека падот на бројките на жртви во сообраќајот е поради пандемијата, а некои ја обвинуваат полицијата дека ги казнува престрого граѓаните. Дел од граѓаните се жалат и на ноќните трки и возачи на автомобили и мотори кои ја загрозуваат нивната безбедност. Не е мал бројот на поплаки за улично насилство, како и дрски кражби среде бел ден.

За овие теми, во Цивил Прес студио разговараме со Тони Ангеловски, помошник – министер за односи со јавност во МВР.

Разговараше: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети