На популарниот музичар Перо Камиказа, кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од Левица, му одат маратоните, но очигледно далеку послабо му оди познавањето на надлежностите на функцијата за која се кандидира. На предизборен собир, тој вети изградба на Скопскиот саем – во Петровец.

 

Но, Општина Петровец не е дел од Град Скопје, а меѓу неа и градот има уште една општина што ги раздвојува – Општина Илинден.

Колку и да е доблесна идејата за изградба на саем и враќање на Скопје на листата на саемски градови, кандидатот Петар Георгиевски – Камиказа треба да знае дека не може да гради саем во Општина Петровец, која не спаѓа во надлежностите и територијата на Град Скопје.

Функцијата градоначалник е важна и одговорна работа, а граѓаните очекуваат од кандидатите да ја познаваат добро работата за која ја бараат нивната доверба и остварување на ветеното, а не невистини и празни ветувања.

Петрит Сарачини