Никому не му текна да ни чукне на врата со некое коренче од растение за садење или макар семе за домати, иако на сите природата и зачувувањето на здравата околина им се меѓу првите приоритети во предизборните програми. Немаше слоган што се издвојува, немаше плакат што ќе се памети, немаше претставување што ќе се спомнува…