Archives October 2021

Најчевска: Зелената иднина е право на секој граѓанин, но и одговорност

„Главен промотор на зелената иднина е државата. Но без правна држава не може да имаме зелена иднина, изјави меѓу другото Мирјана Најчевска на конференцијата на ЦИВИЛ „Зелено општество за сите“. „Диктатурата е ефтина бидејќи не треба многу да вложува. Демократијата е скапа. Социјалната заштита е скапа, заштита на најранливите групи е скапо. Државата треба да ја

Read More


Единство на идеи и акција на конференцијата „Зелено општество за сите“

Во тек е завршната конференција „Зелено општество за сите“, во организација  на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел. Теми на конференцијата се зелените вредности и политики, антинационализмот, социјалната правда, медиумите, дезинформациите и говорот на омраза. Конференцијата се одвива во четири одделни панели, на горенаведените теми, а учесници на панелите се универзитетската професорка Мирјана Најчевска,

Read More


Петер Марки-Зај: Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Северна Македонија

Лидерот на граѓанското Движење „Унгарија на сите“ (МММ) и кандидат на здружената унгарска опозиција за премиер Петер Марки-Зај изјави дека доколку победи на парламентарните избори следната пролет, планира да ги екстрадира во нивните матични држави поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои имаат азил во Унгарија. Марки-Зај, во објава на Твитер

Read More


„24 часа“ објави, а Инфомакс, Курир, Република, Плусинфо, Фактор и други пренесоа дезинформации за бугарската лична карта на Дан(и)ела Арсовска

Дали Данела Арсовска, жителка на Скопје и кандидатка за градоначалник, е истовремено и Даниела Арсовска, бугарска државјанка и жителка на Петрич, регистриран гласач за бугарски избори?  Прашањето што ја преокупира деновиве јавноста, произведува и многу дезинформации ПЕТРИТ САРАЧИНИ Бугарскиот портал „24 часа“ објави дезинформација дека бугарска лична карта издадена на име на Дан(и)ела Арсовска не

Read More


„Зелено општество за сите“, годишна конференција на ЦИВИЛ денес во Скопје

„Зелената“ конференција под наслов „Зелено општество за сите“  што ја организира ЦИВИЛ денес во Скопје, донесува истакнати учесници и вредни дискусии за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите.   Годишната конференција за зелените вредности се одржува веќе пет години по ред на крајот на октомври. Овогодишното издание се одржува денес (четврток, 28 октомври), со

Read More


Ќе ја потопи ли Данела и ВМРО-ДПМНЕ?

Во моментов, успешната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори за Скопје се заканува да се „распара“ по сите шевови, токму заради ризикот на игрите со лажните „независни кандидати“, за кои не можете да ја утврдите автентичноста на ставовите и уверувањата не само за купувањето нов автобуски возен парк за градот (и слични

Read More


Алаѓозовски: Вестите се добри, „Едно општество“ се спроведува, инсистираме на континуитет на активностите

Со Националниот координатор за интеркултурулизам и едно општество во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Алаѓозовски, кој е и познат и интелектуалец и креативец и надвор од нашите граници, разговараме на повеќе прашања поврзани со областа која тој ја покрива во Владата и за резултатите од спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“. Разговорот е снимен

Read More


Наташа Котлар со „кратки нозе“ за загадувањето во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Општина Центар, во реклама која беше објавена на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ зборува за загадувањето, изнесувајќи тврдење дека Скопје е најзагаден град во Европа.   Дека ова тврдење е невистинито, изнесовме доволно статистички податоци во претходниот дел од оваа епизода, кои јасно укажуваат дека аерозагадувањето во главниот град во последните години се

Read More


На „зелената“ конференција на ЦИВИЛ ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда и медиумите

На „зелената“ конференција под наслов „Зелено општество за сите“ во организација на ЦИВИЛ ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите. Се работи за годишна конференција за зелените вредности што се одржува веќе пет години по ред на крајот на октомври. Овогодишното издание на конференцијата ќе се одржи во четврток, 28 октомври, со

Read More


ИЗБОРЕН РАПОРТ #27: Претерана регулација на хартија, грешки во пракса, административни акробации и детали за попречувањето на работата на набљудувачите

Во ова издание на Изборен рапорт, ја известуваме јавноста за најновите административни акробации во изборната регулатива, за претераното регулирање на детали во процедурите, а нивно неспроведување во праксата, како и детали за попречувањето на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ на денот на гласањето на 17 октомври. ЦИВИЛ уште еднаш ја истакнува својата искрена намера и

Read More