Петрит Сарачини, уредник и автор на „Кратки нозе“, на завршната конференција „Зелено општество за сите“, во организација на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел истакна дека национализмот, во последно време во Македонија, не е толку видлив и брутален на медиумските екрани и печатените медиум, но добива видливост на социјаните мрежи како што се Твитер, Фејсбук итн.

„Медиумите работат за парцијални интереси, на сојузницие на сопствениците на медиумот. Зелената агенда, почитување на правата маргинализирани групи, не е инетресно на центрите на моќ.

Со создавањето на мултиетничките коалиции, меѓуетничката конфронтација се префрли на интеретничка средина, сега Македонците и Албанците се обвинуваат меѓу себе.

Медиумите чуствуваат дека губат влијание, публиката треба преку едукација да изгради вредности за зелената агенда, човекови права, еднакви вредности за сите.

Фали основниот новинрски принцип, провери пред да објавиш. Работа на новинарот е да и каже на публиката која е вистината, и кој лаже“, истакна Сарачини.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети